Прв состанок од проектот Sustainable Development Goals for Pupils

Во среда, на 22.03.2023 год. наставници од ООУ „Малина Попиванова” присуствуваа на првиот состанок за проектот Sustainable Development Goals for Pupils (SDGfP) кој беше одржан во Скопје. Домаќин на почетниот состанок беше организацијата Еко Логик од Скопје, а на истиот присуствуваа и основни училишта и организации од Македонија, Бугарија, Турција, Италија и Франција.

На состанокот се разговараше за тековните и идни активности, како, материјалите за учење за 17те цели за одржлив развој, курсот за дигитални вештини за наставници кои, штом бидат готови ќе бидат поставени на онлајн платформа и ќе бидат достапни за училиштата и наставниците.

Проектот #SDGfP поттикнува и промовира едукација на учениците за теми за одржлив развој. Истиот е поддржан преку Еразмус+.

 

Comments are closed.