Професорите од ОУ Малина Попиванова Кочани, работеа на преводот на билтенот „Цели за одржлив развој за ученици“
Го објавуваме првиот билтен за проектот Sustainable Development Goals for Pupils ( Цели за одржлив развој за ученици).
Проектот има за цел да дизајнира и развие материјали за учење во врска со Целите за одржлив развој кои ќе се користат преку онлајн платформата која ќе им помага на учениците помеѓу 10-14 години да развијат клучни компетенции како што се критичко размислување, креативност и решавање проблеми.
Целиот билтен можете да го прочитате ОВДЕ.
Проектот е финансиран од Француската Национална Агенција, а партнери на проектот се основни училишта и организации од Македонија, Бугарија, Турција, Италија и Франција.