Печати

Орган на управување во училиштето е Училишниот одбор. Составот, надлежностите и задачите на УО се определени со Законот за основно образование и Статутот на училиштето. Училишниот одбор е одлучувачко тело одговорно за управување со училиштето.

Улогата на УО во училиштето е да ги покрива следните области: визија и развој на училиштето, избор на клучен персонал, надзор врз раководењето, финансиски надзор, прибирање средства, подршка на проекти, следење на квалитетот на оценувањето, следење на благосостојбата на учениците, подобрување на односите со властите, подготвување на извештаи до заедницата и МОН.

Училишниот одбор во соработка со директорот на училиштето и училишните тимови постојано поттикнува активности кои ќе обезбедат квалитет во работењето.

Членови на училишен одбор

  1. Марија Илиева - Наставнички совет
  2. Васка Апостолова - Наставнички совет
  3. Лилјана Димитрова - Наставнички совет
  4. Елизабета Илиева- Претседател - Совет на родители
  5. Даниел Кралев - Совет на Родители
  6. Јулијана Димитрова - Совет на родители
  7. Благојчо Стојановски - Совет на општина Кочани 
  8. Гоце Марков- Совет на општина Кочани
  9. Моника Трајчова- Министерство за образование и наука