-
Посети: 14428
ИВИЦА ЦИМБАЛЕВИЌ
ДИРЕКТОР на ОУ Малина Попиванова
Ивица Цимбалевиќ, роден на 20.04.1969 во Кочани , вработен во ОУ ,,Никола Карев од 05.12.1993 како предметен наставник по Физичко и здравствено образование се до 20.12.2012 кога по објавен Јавен оглас за директор во ОУ ,,Малина Попиванова,, Кочани е избран на таа функција.
На објавен Јавен оглас за избор на директор на ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани е реизбран за четворогодишен мандат почнувајќи од 21.12.2016 год
Член на комисијата избрана од Бирото за развој на образованието за изготвување на Стандарди за оценување за 4 и 5 одд по наставниот предмет Физичко и здравствено образование .
Учесник на Меѓународни симпозиуми на теми поврзани со образованието и телесните деформитети односно БМИ индексот кај младата популација .
Раководител на стручниот тим по овластување на градоначалникот за физичка проверка на вроботените во територијалната противпожарна единица во Кочани за 2015 год
e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел +389(0)70559100
Директорот ги врши следниве работи:
- го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење;
- ја организира, планира и ја води работата на основното училиште;
- подготвува предлог на годишна програма за работа е одговорен за реализација на годишната програма за работа;
- е одговорен за остварување на правата и обврските на учениците;
- врши избор на наставници , стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и актите на училиштето;
- врши распоредување на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар;
- одлучува за престанок на работен однос на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и колективен договор;
- поттикнува стручно оспособување и усовршување на наставниците, стручните соработници и воспитувачи;
- организира менторство за наставниците-приправници, стручните соработници-приправници, воспитувачи-приправници, присуствува на часовите на наставата и ја следи работата на наставниците и ги советува;
- ја следи работата на училишниот педагог, психолог и другите стручни работници;
- се грижи за соработка со родителите;
- ги известува родителите за работата на училиштето и за измени на правата и обврските на учениците;
- одлучува за воспитните мерки;
- ја потикнува и следи работата на заедницата на ученицита;
- обезбедува извршување на одлуките на училишниот одбор;
- ја донесува систематизацијата на работните места на училиштето;
- одлучува за склучување за работните односи;
- покренува дисциплинска одговорност на наставниците, стручните соработници и воспитувачи;
- се грижи за соработката на училиштето со здравствената установа во општината;
- донесува решенија за одмори и отсуства на работниците;
- формира комисии;
- план за јавни набавки и
- врши и други работи согласно со закон и колективен договор.