Печати

Мисија

Нашето училиште е место каде што учениците се воспитуваат, образуваат, го поттикнуваат личниот, емоционалниот, физичкиот и социјален развој, се подготвуваат за практична примена на вештини , умеења и знаења и се охрабруваат за надминување на етички, културни и јазични разлики.

Визија

Нашето училиште е современа воспитно – образовна установа, отворена кон потребите на учениците, наставниците, родителите и локалната заедница, препознатлива по високите училишни достигнувања, подготвена за континуиран развој и почитување на демократијата во мултикултурна Македонија.

Слогани

1. Со учењето вложуваш во својата иднина

2. Со спорт и здрави животни навики до правилен раст и развој на телото

3. Учи, образувај се и толерирај се еден со друг

Мото

Квалитетно знаење - пат кон иднината