SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

Мисија

Нашето училиште е место каде што учениците се воспитуваат, образуваат, го поттикнуваат личниот, емоционалниот, физичкиот и социјален развој, се подготвуваат за практична примена на вештини , умеења и знаења и се охрабруваат за надминување на етички, културни и јазични разлики.

Визија

Нашето училиште е современа воспитно – образовна установа, отворена кон потребите на учениците, наставниците, родителите и локалната заедница, препознатлива по високите училишни достигнувања, подготвена за континуиран развој и почитување на демократијата во мултикултурна Македонија.

Слогани

1. Со учењето вложуваш во својата иднина

2. Со спорт и здрави животни навики до правилен раст и развој на телото

3. Учи, образувај се и толерирај се еден со друг

Мото

Квалитетно знаење - пат кон иднината

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692