SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

slika

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА УЧИЛИШТЕТО

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани  е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492  од 20.12.1985  год. Од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390

Единствено училиште кое опфаќа ученици со посебни потреби , лесен ментален хендикеп.

            Основното училиште располага со две училишни згради и една спорстска сала. Во училиниците кои се во дворот во училиштето се изведува настава со учениците од прво одделение и во истата зграда се наоѓа кабинетот по Техничко образование .


Најважни културни постигнувања

Во текот на целата учебна година нашето училиште  редовно учествува на сите натпревари организирани на општински и регионални натпревари што ги организира Б.Р.О. и може да се пофали со освоените места и тоа е она по што се карактеризира и се вбројува како успешно училиште. Исто така учениците од нашето училиште редовно учествуваат на сите конкурси што се објавуваат по повод државни празници, патронати, јубилеи и др. како во општината и државата така и на меѓународно ниво и воглавно постигнуваат завидни резултати.

Во продолжение следуват активностите во кои училиштето има земено учество:подготвена пригодна програма за приемот на учениците во училишната средина на почетокот на учебната година, учество во одбележувањето на Детската недела и приемот на првачињата во Детската организација, По повод 11 Октомври училиштето е посетено од ЈУДГ „Павлина Велјанова“-клон 2 кои положија цвеќе на бистата во училиштето, учество на дефиле организирано по повод Кочански денови на оризот , одбележана Еко акција-Македонија без отпад,реализирано предавање од страна на стручни лица од МВР за учениците од прво одделение за безбедно движење-Сообраќаен буквар,одржано предавање на тема СИДА од страна на лица од Црвен крст,одбележан е Денот на шумите –засадени дрвца и предавање од Шумски инспектор за учениците од Еко секцијата,учество на Пијанечки денови на сливата-Делчево,добиен сертификат од Мировниот корпуст за успешна соработка и реализирани претходни активности, добиен сертификат за учество на Меѓународен интернет конкурс, освоени награди за литературни и ликовни тводби по повод Кочански денови на оризот,реализирана работилница за шумскиот еко систем организирана од Македонско еколошко друштво,одбележан Меѓународниот ден на пешачењето од страна на членовите на училишната заедница,реализирано практично истражување на буковата шума – на Пониква-организирано од македонски еколошко друштво, училиштето е посетено од претставници на Мировниот корпус и пуштена во употреба обновената  училишна библиотека, одржано предавање за БОН_ТОН однесување за дечињата во ЈУДГ„Павлина Велјанова“-клон 2,посетени се локалните медиуми Телевизија Кочани, метеролошката станица-Виница, фабрика за текстил и сл.Оржано е литературно читање од страна на членови на  ЛК Копнеж,одржан е јавен час по предметот Вештини на живеење,во функција пуштена е училишната web страна,

одржано предавање од страна на стручни лица –родители на тема Превенција во сообраќајот,Превенција од наркотични средства, реализирана работилница со родители за изработка на новогодишни украси, реализирана мултиклултурна работилница на тема Традиционални празници-Бадник и Бајрам-учество зедоа ученици и родители од различен етникум, освоено трето место  на Детска ликовна изложба 13 Ноември, реализирано предавање во училиштето за БОН ТОН за нашите идни ученици-дечињата од градинката,за учениците од 8 и 9 одд реализирано е предавање на тема Последиците од употреба на петарди и психотропни супстанци-предавањето е извршено од страна на родители  стручни во таа област, учество на противпожарен квиз,одиграни 6 кола во фудбал и кошарка-освоено второ место на генерален пласман за училишна лига,реализирани повеќе еко активности и како резултат  се здобивме со епитетот Еко училиште – добиено Зелено знаме, учество на регионален натпревар  по спелување – добиена пофалница, одбележан Светскиот ден за борба против СИДА, одбележан Денот на дрвото-Стоп за катастрофите, реализирана  новогодишна работилница од страна на надворешно лице за подготовка на новогодишни украси за Пазар на можности, интерен ликовен и литературен конкурс на тема Хуманост на дела-наградени ученици, одбележан денот на хендикепираните лица- учениците со посебни образовни потреби беа посетени од страна на претставници на Општината кои им доделија пригодни подароци и работен материјал за полесно реализирање на наставата, учениците од одделенска настава од страна на Локалната средина добија новогодишни подароци додека пак учениците со посебни обнразовни потреби добија  новогодишни пакетчиња од страна на приватниот бизнис сектор(ИНТ, Еко пак хит), подготовка и реализација на Новогодишна претстава , Пазар на можности и презентација на храна изработена од ученици од различен етникум на тема  Како се одбележуваат Бадник и Бајрам – традиционални празници ,учество на Драмски детски фестивал (ДАФ)   во Кочани Математичарите од нашето училиште учествуваа на Општински натпревар  и освоија 2 први места, 4втори места  и 5 пофалени ученика, на Регионалнален натпревар по математика  учениците ги постигнаа следниве резултати 2 први места, 2 втори места, 4 трети места и 3 ученика беа пофалени, на Државен натпревар „Кенгур 2015“ Скопје, освоено едно второ место.По предметот техничко образование учениците се натпревураа по следниов редослед- Квиз натпревар:Учиме да бидеме побезбедни во сообраќајот. Освоено прво место, Регионален натпревар „Млади техничари и иноватори“ -Освоени места Едно прво место од  областа „афтоматика“и„фототехника“и едно второ место од областа на „Архитектура и градежништво“. На државен натпревар „Млади техничари и иноватори“ се освоени  следниве награди  едно прво место од областа афтоматика и едно второ место од областа Фототехника.На Општински натпревар „Детски  семафор“одржан во ОУ„Малина Попиванова -Кочани  Освоено второ  место групно  Поединечно имавме  четири  први места.По предметот Музичко образование на државен натпревар  по Хор и оркестар, училишниот оркестар го осои второто место.Учество на дестски музички фестивал „Музички бранови“-Кочани со двајца исполнувачи и 6 придружни ученици за кореографија,освоија Сертификат за учество  на учениците.По предметот Физичко и здравствено образование имаа активности кои резултираа со повеќе освоени награди: Во склоп на предвидените активности во проектот „Меѓуетничка интеграција“ , се реализираше активноси  во натпревар во фудбал, ликовна работилница и работилница за здрава храна.-кулинрска работилница. Се изведе дружење од различни етникуми .Доделени Сертификати за учесниците. Учество на Пролетен крос 2015г.,со освоени награди: едно  трето место, две втори места  и едно  прво место . На одржаниот турнир по повод Денот на ромите 8-Април училишната спортска екипа во мал фудбал .го освои високото второ место. Во склопот на училишните лиги во кошарка , се натпреваруваше женската и машката екипа



мошне успешно и ги освоиа вторите места.На општинскиот натпревар во ПИНГ ПОНГ одржан во ОУ ,, Малина Попиванова,, Кочани , за Основни училишта се постигнати следните резултати –две први места. На Општинската лига во ракомет за мажи- освоено четврто место,Општински натпревар  во ракомет за жени - освоено четврто место,Општинска лига во футсал - освоено четврто место. На Државен протипожарен квиз освоено е петто место. Општински натпревари по наставните предмети Биологија и Природни науки освоени се 3  третти места,учество на општински натпревар по Природни науки и техника освоена трета награда,учество на регионален натпревар по Природни науки и техника. По предметот Англиски јазик учениците учествуваа на  повеќе натпревари и конкурсии резултатите се следниве: учество на локален натпревар по англиски јазик ,, Spelling Bee“,speling -  Регионален натпревар, освоено прво место - во конкуренција на втора категорија.Освоено прво место за учество на Републички натпревар, учество на Национален натпревар по англиски јазик ,, National Essay Competition ,, 2015 и учество на Меѓународен натпревар по Англиски јазик. Подмладокот на училишниот црвен крстс учествуваше на општински натпревар по Прва помош под организација на Црвен крст на Кочани  и го освои четвртто место.По повод 5јуни ден на„Еколошко образование за зачувување на биодиверзитетот на брегалничкиот регион“ реализиеано истражување и учество на натпревар Биодиверзитетот на сливот на река Брегалница     со освоено прво место     за учениците од 7 одд.На Регионалниот натпревар по Географија освоено е прво место  како и учество на Републички натпревар со освоено прво место.Учениците од петто одделение од ОУ„Малина Попиванова“-Кочани изведоа настава во природа во Струга. Во склоп на Мегуетничка интеграција во образованието , се одржаа планираните активности со училиштето ОУ ,, Орхан Џемаили ,, Струга  со кое ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани има потпишано меморандум за соработка се одржа заеднички час по Англиски јазик спортски натпревари и заедничко дружење на учениците од двете училиште .Активностите се одржаа во Струшкото училиште .Учество на ЕКО САМИТ во организација на МОН, доделено Зелено знаме –Еко училиште. Учество во претставувањето на училиштето во емисијата„Голем одмор“ на МРТ.Учество на Ликовен конкурс„Флора и Фауна“..  меѓународната детска изложба  ,, Флора и фауна -Извор на животот и убавината ,, освоено првото место.

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692