SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ

УЧИЛИШНО ТАБЛО ГЕНЕРАЦИЈА 2013/2017 ГОД

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 16 Мај 2017 11:41
2518 Hit
(1 Гласај)

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Недела, 16 Април 2017 00:12
2055 Hit
(1 Гласај)

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ 

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ВЕЛИГДЕН 

ЕКОЛОГИЈА

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Четврток, 23 Март 2017 10:54
2187 Hit
(1 Гласај)

Претставници од Црвен крст со учениците од ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани спроведоа работилница на тема ЕКОЛОГИЈА 

Сознанијата кои во континуитет ги добиваат учениците во текот на училишната година се со цел еколошката свест да биде на високо ниво кај нив и истата да ја пренесуваат на околината каде живеат 

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Четврток, 23 Март 2017 10:47
2025 Hit
(1 Гласај)

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ 

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРОГРАМАТА ALWAYS ОДРЖАА ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ НА УЧЕНИЧКИТЕ ОД 6 ОДД НА ТЕМА ПУБЕРТЕТ И СЕ ШТО Е ПОВРЗАНО СО ПУБЕРТЕТОТ 

СТАТУС НА ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ПО ВТОР ПАТ

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Среда, 15 Февруари 2017 11:11
2094 Hit
(1 Гласај)

По објавениот конкурс за наградување од имплементацијата на Програмата ,, Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем ,, ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани се стекна со највисок статус ,, Зелено знаме ,,  со исполнување на сите точки предвидени со програмата .

Заклучно со крајниот рок за пријавување 15.01.2017 год на електронската апликација се имаат пријавено 29 воспитно образовни институции, право на пријавување имале 51 детска градинка, 359 основни училишта и 100 средни училишта . 

Координатор на еко активностите во нашето училиште е одделенски наставник Здравка Охомуш 

СРЕЌНА НОВА 2017 ГОД

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 27 Декември 2016 08:27
2180 Hit
(1 Гласај)

ОУ ,, МАЛИНА ПОПИВАНОВА ,, КОЧАНИ ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ , МНОГУ ЗДРАВЈЕ СРЕЌА И УСПЕХ 

ВТОРО МЕСТО НА МЕЃУНАРОДЕН ЛИКОВЕН КОНКУРС

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Петок, 18 Ноември 2016 18:14
3121 Hit
(1 Гласај)

На ден 17.11.2016г. во просториите на Кино салата на Кинотека на Македонија во Скопје, ДЕТСКИОТ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР - ГРАДСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИКОВНИТЕ ПЕДАГОЗИ беше отворена Меѓународна детска ликовна изложба 13 НОЕМВРИ СКОПЈЕ 2016.

Ученичката Ангела Иванова IX4одд. од О.У.,,Малина Попиванова'' Кочани по објавениот конкурс и доставената ликовна творба е наградена со диплома за освоено II место . Ученичката е под менторство на предметен наставник по Ликовно образование Мирјана Рашкова.

„Ноември месец на науката“ и XLI Школа „Млади физичари“ -Скопје

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Понеделник, 14 Ноември 2016 20:36
2520 Hit
(3 гласови)

„Ноември месец на науката“ и XLI Школа  „Млади физичари“ -Скопје

На 11 и 12 ноември оваа година во Скопје  City Mall и во просториите на Природно –математичкиот факултет се одржа мега настан под мотото „Ноември – месец на науката“ , во организација на друштвата на биолози, физичари хемичари , географичари и астрономи.

Настанот беше наменет за сите ученици од основните  училишта од Р.Македонија и наставниците што предаваат Природни науки, Физика , Хемија, Биологија и Географија.

Од ОУ „Малина Попиванова “ активно учествуваа учениците во натпревар во изведување  на експерименти, решавање на тест и предавања од областа на природните науки. Местото каде се презентираа учениците од нашето училиште побуди огромен интерес кај посетителите на настанот .

Во изведувањето на експерименти нашето училиште го претставија следните ученици:

1.Санева Теодора— диплома за успешно учество

2.Захариева Ангела

3.Санева Стефани

4.Захариев Љупчо

5. Игнатов Љубомир

6. Крстова Лина –освоено наградаIII место

7.Елеонора Манасиева—диплома за успешно учество

8. Евгениј Јосифовски—диплома за успешно учество

Во решавање на тест:

1.Лазарова Бојана, Крстова Ана, Стоикова Мартина и Спасова Анастасија

Предавања од областите на природните науки:

1.Ристеска Мартина,Петрова Јана,Борисова Стефанија,Велкова Теодора и Крстова Вероника 

Учениците кои беа присутни на настанот и активно учествуваа беа под менторство на Предметен наставник Славица Атанасова Марија Илиева и одд наставник Гордана Јанева 

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692