SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ

УСПЕХОТ НА УЧИЛИШТЕ ЗАПОЧНУВА ОД ДОМА

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Сабота, 08 Октомври 2016 16:30
1022 Hit
(1 Гласај)

Децата кои се успешни на училиште, генерално имаат родители кои ја разбираат важноста на подршката и кои имаат начин да всадат позитивен пристап кај ученикот кон учењето, вклучувајќи ја и домашната задача.

Домашна задача – работа која ученикот ја завршувадомабез помош и надзор на наставникот – ова е важен дел од училишниот ден. Домашната работа помага во самодисциплината на ученикот и во планирањето на времето. Исто така, помага децата да станат самостојни и домашната задача да ја сфаќаат сериозно.

Понекогашдомашните задачисе комплицирани и тешки. Најчесто тоа е првата работа која вашето дете сака да ја направи после училиште. Многу често бара од родителите наместо да читаат весник да помогнат на своето дете на било кој начин.

Ако родители се незаинтересирани за домашната работа на своето дете, тогаш ја губат можноста да го научат детето за позитивниот став како работници. Овие вредности се премногу важни за целиот овој процес да биде препуштен на случајноста.

Воведувањето на едноставнатадневна рутинае од голема помош :

Читајте им на вашите деца и кога се многу мали – Редовното читање ќе се трансформира во редовна навика за завршување на домашните здачи, кога децата ќе појдат на училиште.

Одредете место и време за учење и домашна работа – Местото не мора да биде нешто посебно, но најважно е децата да ја добијат пораката дека домашната задача е приоритет.

Исклучете го телевизорот – Најдобро е телевизорот да не биде во собата каде што децата учат, за да можат да се сконцентрираат на домашната задача и учењето на лекциите. Многу од педагозите препорачуваат телевизорот да биде исклучен во текот на целата недела додека детето оди на училиште.

Завршувајте ги вашите обврски додека вашето дете ја пишува домашната – Можете да си ги средите документите, да читате нешто или да ги завршите обврските кои не сте стигнале да ги завршите на работното место. Важно е вашите деца и вас да ве видат дека пишувате, читате и се концентрирате на работата за да им послужите како личен пример за градење на навиките.

Инсистирајте домашната работа да биде уредна – Децата треба да научат дека е важно да се претстават себеси и својата работа во најдобар ред, бидејќи тоа и показател за самопочитување и почитување на другите. Навика која ќе им биде корисна во текот на целиот живот.

Проверете само дали домашната задача е комплетно завршена – Барајте детето да ја напише целата постапка а не само крајните резултати. Наставниците треба и да ги видат грешките на вашите деца, за подоцна да можат да ги корегираат и да научат нешто од нив. Никогаш немојте да ја пишувате вие самите домашната задача на детето наместо него. Учествувајте само ако детето ви постави конкретно прашање, па обидете се да му објасните.

Воспоставете го правилото во семејството дека за секој предмет по кој ќе биде добиена оценка помала од 4, ќе воведете дополнително учење – Оценката под 4 значи дека вашето дете не научило 20 проценти или повеќе од она што наставникот смета дека е потребно да го знае.

извор http://www.fakulteti.mk

ПРВО МЕСТО ВО РЕПУБЛИКАТА ЗА НАЈДОБРА УЧИЛИШНА ВЕБ СТРАНА

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Четврток, 06 Октомври 2016 13:17
2584 Hit
(1 Гласај)

По објавениот конкурс учебна 2015/2016 год за избор на најдобра училишна веб страна ученичката Моника Тодорова  под менторство на наставник по информатика Сања Тодорова подготвија училишна веб страна.

По презентирањето на училишната веб страна комисијата формирана од Министерството за образование и наука , Министерството за информатичко општество , Биро за развој и образование и факултетот за информатички науки ,,ФИНКИ,, ја избра како најдобра училишната веб страна изработена од  ученичката Моника Тодорова од ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани .

НАГРАДАТА ЈА ДОДЕЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА СПИРО РИСТЕСКИ

Наградата за училиштето е интерактивна табла .

честитки  за Моника , успехот на Моника нека биде поттик за останатите ученици 

Влијанието на родителите кон наставничката работа

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 27 Септември 2016 15:16
1028 Hit
(1 Гласај)
Сетете се на своето детсво и своето растење. Сетете се на своите животни лекции кои сте ги научиле во училиштето. Дали подоцна не ви помогнале да пристигнете до саканата цел ? Допуштете им и на своите деца да нешто важно сами воочат и научат.

Многу пати сум во ситуација да работејќи ја мојата професија – наставник да бидам “помеѓу два огња“. Од една страна родителите и нивните дилеми и барања упатени кон училиштето, а од другата страна наставниците и нивните барања насочени кон ученикот и неговото семејството.  Водени се многу разговори, преговори, разгледувани се сите можни опции се со цел да се испадне во пресрет на ученикот … Но заклучок од целокупниот тој макотрпен дијалог помегу наставникот и родителот се сведува до позиција на безпомошност која гласи “и децата не се повеќе тоа  што беа“. Но јас просто сум убеден дека но и праксата ми покажала дека тоа не точно. Без оглед на новите можности, технoлошките помагала, напливот на различни и нови модни и јазични трендови, правите вредности и уверувања секогаш се на цена. Функционирањето и снаоѓањето во тимот не ја менува својата форма, само во прашање е колку тие исти вредности и однесувања се форсирани при воспитувањето од страна на родителите.

Дали училиштето е исто  какво што било ? Каков впечаток имате вие ? Докoлку го оставиме настрана односот на државата кон образованието, школството, просветните работници и условте за работа, дали учењето е однесување во училишна средина како “живот во мало“ и понатаму исто така?

Она што на децата им е најважно е лекцијата која се нарекува “живот и работа во зедницата“. Во совладувањето на оваа лекција во најголема мера  им помага училиштето, другарчињата од одделението или класот и педагошките работници кои работат во училиштето како институција. Вештините, уверувањата, вредностите и саканите однесувања кои децата ги учат во училиштето, сигурно не може да се научат во своето семејство, во својата фaмилија. Размислите на следното: дали децата во социјалната средина и во фамилијарното опкружување на ист начин доаѓаат до посакуваната цел ???

Искрено имам впечаток дека родителите немаат многу доверба во наставниците и да премногу се мешааат во нивната работа и стравот кој се појавува кај наставникот, и со тоа  ја уредуваат училишната средина и клима, онака како што тие мислат дека е најдобро за нивното дете. Но доколку родителите малку подобро размислат би уочиле дека грешат, затоа што во училишната или социјана средина прилагодувањето на потребите на детето има трасиран пат, а со недовербата кон наставниците му прават само “лоша услуга“ на сопственото дете.На тој начин родителите не му овозможуваа на детето на сопствен начин дојде до посакуваната цел и кога не е се совршено, потоа да ги прифати одговорностите  за своите постапки, да погреши, да го поправи своето однесување, или едноставно да научи да живее во група. Сите обврски кои што ги поставува училиштето пред учениците, границите кои постојат во хиерархијата на училишниот систем, како и големината на наградите и казните ги учат учениците да превземаат одговорности за своите постапки, да се снаоѓаат во хиерархиски уредените системи и да знаат колку треба да вложат за да ја постигната саканата цел.

Сето ова во повозрасните години ќе им бидат од корист , затоа што ќе можат да станат успешни и задоволни граѓани. Во зависност од тоа кои уверувања и однесувања примарно ги истакнува наставникот, учениците на различни начини ќе се однесуваат во групата. Дали во одделението или класот ќе работат тимски, дали ќе помагаат еден на друг, дали се мотивирани да учат и во која мера се дружат помеѓу себе во голема марка зависи од нставникот. Би било најдобро за сите нас односот помеѓу родителот и училиштето да биде добар, позитивен, поддржувачки и кооперативен, затоа што на тој начин ги поставуваме децата кон правилен развој во прв план, а не своите суети, комплекси или нашата гордост.

Сетете се на своето детство и своето растење. Сетете се на своите животни лекции кои сте ги научиле во училиштето. Дали подоцна не ви помогнале да пристигнете до саканата цел ? Допуштете им и на своите деца да нешто важно сами воочат и научат.

м-р Ангелче Гушев

Posted by: kineziologija in Стручни Теми јули 16, 2016 0 481 Views

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ,, ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ ,,

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Среда, 07 Септември 2016 09:11
1218 Hit
(1 Гласај)
ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ – ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

ОУ ,, МАЛИНА ПОПИВАНОВА ,, КОЧАНИ СО ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА И СО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОБЛЕКА И ОБУВКИ КОИ ПОВЕЌЕ НЕ НИ СЕ ПОТРЕБНИ  , ОБЛЕКАТА МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО НА ДОНИРАНАТА ОБЛЕКА ИМААТ ПРАВО РЕДОВНИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ СЕ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ 

ПРИЕМ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Четврток, 01 Септември 2016 10:09
1658 Hit
(1 Гласај)
ВО ОУ ,, МАЛИНА ПОПИВАНОВА ,, КОЧАНИ СВЕЧЕНО СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ ПРИЕМОТ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ , УЧИЛИШТЕТО СО КОМПЕТЕТНИОТ НАСТАВЕН КАДАР И СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ НА ВИСОКО НИВО НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ ОВОЗМОЖУВА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ , ИМ ГО ЧЕСТИТАМЕ ВЛЕГУВАЊЕТО  ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС НА 70 НОВИ УЧЕНИЦИ 

УСПЕШНА УЧЕБНА 2016/2017 ГОД

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 30 Август 2016 21:52
1466 Hit
(1 Гласај)
ПОЧИТУВАНИ 
УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ , ВРАБОТЕНИ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВИ ПОСАКУВАМЕ УСПЕШНА УЧЕБНА 2016/2017 ГОД 

учебната 2016/2017 год започнува на 01.09.2016 год ( четврток )

Свечениот прием на учениците во прво одделение е на 01.09.2016 год ( четврток ) во 11.00 часот во спортската сала на ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани 

- Прва смена  од 07.30 часот предметна настава од 6-9 одд 

- Втора смена од 13.30 часот одделенска настава од 2-5 одд 

 

НОВИ СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 30 Август 2016 11:02
1173 Hit
(1 Гласај)
СОГЛАСНО ДИНАМИКАТА ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА СЕ ПОСТАВЕНИ НОВИ ТАБЛИ И ОБРАЧИ ЗА КОШАРКА НА НАДВОРЕШНИТЕ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА. фИНАНСИИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД РОДИТЕЛИТЕ .

ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВАТА - СТАЈКОВЦИ,2016

Објавено во ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
Вторник, 16 Август 2016 23:32
945 Hit
(1 Гласај)
15.08.2016 , ВРАБОТЕНИ ВО ОУ ,, МАЛИНА ПОПИВАНОВА ,, КОЧАНИ БЕА ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ РАТКО ДИМИТРОВСКИ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО СТАЈКОВЦИ ОД ПОПЛАВИТЕ

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692