на ООУ “Малина Попиванова” од Кочани.
Од 11-13.04.2022 год. учесниците од ООУ “Малина Попиванова” заедно со учениците од невладината организација “Еко Логик”- Скопје и основното училиште “Дубовац”- Карловац, Хрватска, беа во посета на ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија. Причина за посетата беше одржувањето на вториот транснационален состанок.
На состанокот учесниците ја дискутираа досегашната состојба на проектните активности како и превземањето на следните работни чекори.
Домакините од ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија се погрижија да ги запознаат гостите и со културно-историските знаменитости во градот.
Како дел од претставувањето беше и посета на Регионалниот историски музеј на Стара Загора каде што директорот на музејот Петар Калчев ги пречека гостите и ги запозна со богатата историја на Старозагорскиот регион.
Гостите имаа можност да облечат традиционални носии и да се прошетат по главната улица на римскиот град Августа Трајана.