На овој настан присуствуваше и претставник од нашето училиште ,,Малина Попиванова“, наставничката Здравка Охомуш како и наставници од Охрид, Велес и Демир Капија.
Темата на истиот беше имплементирање на игри во училиштата со употреба на лего коцки - градење капацитети за екологија низ игра. Целиот процес се одвиваше во 6 модули со по 3 експерименти.Секоја земја се претстави со по еден модул.Тимот од нашата земја се претстави со петтиот модул во кој се зборуваше за Конекцијата на животните при нивната миграција и бенефитот од поленаторите.