SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

ОУ „Малина Попиванова“ - Во тек е тестирањето на активности од Еразмус+ проектот “Цели за одржлив развој за ученици “

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
ОУ „Малина Попиванова“ - Во тек е тестирањето на активности од Еразмус+ проектот “Цели за одржлив развој за ученици “
Цели за одржлив развој за ученици е проект на ООУ Малина Попиванова. Проектот е подржан од Еразмус +

програмата за
мобилности и во него се вклучени невладината организација “Еко Логик”- Скопје; основните училишта “Кирил Христов” – Стара Загора, Бугарија и “Дубовац”-Карловац ,Хрватска. Главна цел на проектот е да се развијат материјали за учење кои ќе се користат во онлајн платформа.

m2.jpg

Целта за наставните материјали е да им помагаат на учениците да ги развијат клучните компетенции за 21 век на критичко размислување, креативност и решавање проблеми додека учат за Целите за одржлив развој на Обединетите нации.

m3.jpg

Наставните материјали кои беа изработени од страна на наставниците вклучени во проектот се веќе во фаза на тестирање.

m4.jpg

Дел од училиштата кои ги тестираат наставните материјали се:
ООУ “Никола Карев” - Кочани
ООУ “Климент Охридски”- Облешево
ООУ “Васил Главинов”-Велес
ООУ “Петре Поп Арсов” - Богомила
ООУ “Кочо Рацин” - Охрид
ООУ “Стив Наумов" - Скопје, Гази Баба
ООУ "Тоде Хаџи Тефов" Кавадарци
Првото тестирање на наставните материјали и активности на тема Цел 10: Намалена нееднаквост се заврши во ООУ “Петре Поп Арсов" - Богомила. Наставните материјали се покажаа како многу интересни и леснo разбирливи за учениците. Координаторот Сања Михаилова изразува голема благодарност до сите наставници кои се пријавија да бидат дел од тестирањето на активностите.

m5.jpg

 

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692