SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2021 - 2022 УЧЕБНА ГОДИНА

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2021 - 2022 УЧЕБНА ГОДИНА

Согласно член 59, 60 и 61 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ бр.161 од 5.8.2019 година) уписот ќе се врши во месец мај, 2021 година

- Право на упис во прво одделение имаат деца родени 2015 година, односно оние кои до 31.01.2022 година ќе наполнат 6 години, по поднесено барање од родител/старател;

- Документите за упис во прво одделение може да се поднесат и по електронски пат на следниот линк https://uslugi.gov.mk но задолжително е физичкото присуство на идното прваче за опсервација од страна на комисијата за упис;

- Родителите уписот можат да го направат и во самото училиште;


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:


- Извод од матична книга на родените (фотокопија);

- Лична карта од родителот/старателот – на увид;

- Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од јавна здравствена установа;

- Потврда за офталмолошки (очен) и стоматолошки (забен) преглед, издадена од јавна здравствена установа;

- За децата со попречености, функционална процена од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;

- Доколку родителот не достави потврда за офталмолошки преглед, потребно е да приложи упат за вршење на истиот.

- Уписот го врши комисија формирана од директорот во закажаниот термин во поканата која ќе биде доставена на домашна адреса за сите училишни обврзници на нашето училиште.

ДРАГИ НАШИ ПРВАЧИЊА, ВИ ПОСАКУВАМЕ УСПЕХ ВО УЧЕЊЕТО!

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692