SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

Отворени училишни клубови на Црвен крст во ОУ”Малина Попиванова” Кочани и ОУ” Синиша Стоилов” во Зрновци

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Отворени училишни клубови на Црвен крст во ОУ”Малина Попиванова” Кочани  и ОУ” Синиша Стоилов” во Зрновци
Со цел зајакнување на капацитетите на волонтери Општинската организација на Црвен крст отвори два нови училишни клубови во
ОУ “Малина Попиванова” во Кочани и ОУ “Синиша Стоилов ” во Општина Зрновци.
Клубови ќе работат според унифициран план на активности со цел постојано да се надоградуваат и прошируваат капацитетите на младинското работење.
Во училишните клубови ќе се промовира методологијата на врсничка едукација во делот на градење на здрави животни навики кај младите, промовирање на првата помош како и вклучување во социјално-хуманитарни активности.
За врме на отварањето на училишните клубови беа потпишани и меморандуми за соработка помеѓу двете образoвни институции и Општинската организација на Црвен крст Кочани.
Општинската организација во идниот период ќе продолжи со зголемување на бројот на училишни клубови на територијата која ја покрива и ќе работи на развивање на формите на волонтерско организирање кај младите за нивно активно вклучување во програмските активности на Црвениот крст и членство во организацијата.

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692