Испечатете ја страната

Во салата на „Никола Карев“ - Се играше ракомет за Ивана

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Во салата на „Никола Карев“ - Се играше ракомет за Ивана
Турнир во ракомет во хумнитарни цели се одржа во саботата во салата на ОУ „Никола Карев“, во организација на ОУ „Малина Попиванова“. Овој спортски настан целосно и беше посветен на
Ивана Алексова, девојче од Кочани, на кое и се потребни средства за лекување во странство.
Настапија четири ракометни екипи составени од основци и средношколци. Нивните „пресметки“ на теренот ги следеше пристоен број на гледачи. Резултатот не е важен, најважно е што се собра одредена сум на средства, која ќе и помогне на Ивана во лекувањето. 
Средства за Ивана Алексова можат да се донираат на тел: t-home 070 443 183

Галерија