SJ Univer - шаблон joomla Продвижение

ПАТРОН ПРАЗНИК - 32 години ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани

Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)
ПАТРОН ПРАЗНИК - 32 години ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани

На ден 06.04.2017 год со свечена академија и издавање на 5-от број на училишен весник се одбележаа 32 години од постоењето на ОУ ,, Малина Попиванова ,, Кочани . Свечената академија со интересни и пригодни точки ја организираа активите на 4 ( Савица Пашовска , Софија Димитрова, Кате Стојанова , Весна Вучева ) и 5 одд ( Гордана Јанева , Васка Апостолова и Снежана Костадинова )  , наставниот кадар по Германски Ивана Велкова и Француски јазик Гордана Велкова , менторот на училишниот хор  и училишниот оркестар  Крстина Петрова  , Драмската секција ментори Александра Закова Цветков и Лилјана Димитрова  и за сцената се погрижи наставникот по ликовно образование Мирјана Рашкова  сето ова координирано од Ивана Симијонова училишен педагог  .

Училишниот тим Билјана Манчовска , Александра Закова Цветков , Марија Илиева , Сања Тодорова се креаторите на 5-от број на Училишен весник каде се поместени успесите за периодот кој го покрива овој весник .

На ден 07.04.2017 год претставници од училиштето , сојузот на борците , локалната самоуправа , од родителите и ученичката заедница положија свежо цвеќе на бистата на патронот на училиштето .

СТАТУТ

Основното училиштето ,,Малина Попиванова,,- Кочани е основано со Одлука бр. 02-251/4 од 26.08.1985 година, а е верифицирано со Решение бр. 13-6492 од 20.12.1985 год. од Секретаријат за општествени дејности-Кочани.

Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер по ЕМБ 4107390.

КОНТАКТ ИНФО

Училиштето „Малина Попиванова“ се наоѓа во близина на Заводот за вработување.

Тодосија Паунов бр.95, Кочани

Телефон/Факс: 033/271-692